Please wait while JT SlideShow is loading images...
EzerexKelo-coteProxeedPlus

Политика за квалитет и околина

МИНЕКС МИП ја утврдува оваа политика за квалитет заради обезбедување производите и услугите кои им ги испорачува на клиентите, во целост да ги исполнуваат нивните искажани реални барања и да бидат со важечките законски прописи и национални и меѓународни стандарди.

Насоченоста кон потребите на клиентите и задоволството на клиентите од извршената работа се најважните вредности според кои МИНЕКС МИП ја мери и ја одредува својата вкупна успешност.

За постигнување, одржување и зајакнување на тие вредности, трајно се обврзуваме:

  • Да вработуваме стручен и амбициозен персонал кој ќе има можност и обврска постојано да се развива и усовршува
  • Да набавуваме најсовремени материјали и опрема, како и да ја одржуваме и подобруваме инфраструктурата и околината за пријатна работа
  • Да негуваме и развиваме партнерски односи со добавувачите
  • На клиентите да им се нудат најоптимални и целосни решенија
  • Да се реализираат решенија кои во целост ги поддржуваат барањата и потребите на клиентите
  • Да се применува и подобрува ефикасноста на системот за управување со квалитетот и околината, втемелен на барањата на меѓународната норма ISO 9001:2008, ISO 14001:2004 и да се тежнее кон надминување на висината на тие барања
  • Да поставуваме амбициозни, мерливи и остварливи цели за квалитетот и околината

Секој вработен во компанијата мора да биде запознат со политиката за квалитет и околина, да ја сфати, прифати и почитува како трајно начело во сопственото работење.

Политиката за квалитет и околина се издава и како самостоен документ кој го потпишуваат управителите на компанијата. Има статус на управуван документ.

 

Скопје, 11.05.2012

 

 

МИНЕКС МИП Д.О.О Скопје

УПРАВИТЕЛ

Петар Вајевиќ

Copyright © 2011 Minex Mip.